Драма во Бејрут: Маж во банка зеде заложници

Сподели со своите пријатели

Во Бејрут, главниот град на Либан, се случува вистинска драма, бидејќи граѓанин вооружен со пушка влетал во банка и ги зел работниците како заложници барајќи да му ги исплатат заштедите кои му биле „заробени“.

Loading...

Наводно маж влегол во банка со кофа бензин во раката, а медиумите пишуваат дека тој држи најмалку шест лица како заложници.

Официјалните лица велат дека испукал три предупредувачки истрели, а според неофицијални информации, тој има околу 200.000 долари на штедна книшка што не може да ги повлече.

Полицијата се обидела да преговара, а банката била опколена од припадници на специјалната единица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Годишната стапка на инфлација во Британија во август е стабилна на 2,2 отсто

Банките во Либан, кој се бори со една од најтешките економски кризи во модерната историја, воведоа ограничувања за повлекување девизи, замрзнувајќи ги сметките на многу граѓани.