Дожд во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Среда нема да донесе „убаво“ време на какво се навикнавме во изминативе денови, вели порталот за временска прогноза МетеоПро.

Уште претпладне ќе има наоблачување, позначајно во западниот и северниот регион. Врнежи од оваа облачност се очекуваат попладне и во текот на вечерта, со тоа што попладне ќе бидат почести во западниот, а навечер во североисточниот регион. Грмежите ќе бидат ретка појава.

Иако ќе биде пооблачно во однос на претходните денови, во југоисточниот регион веројатноста за врнежи ќе биде под 30%.

Температурата ќе достигне максимална вредност во границите од 26°С до 28°С во поголем дел од котлините низ земјава. На југоисток околу 30°С.