Домати за здрава и убава кожа

Сподели со своите пријатели

Експертите сметаат, дека за да имаме убава и млада кожа немаме потреба од скапа козметика, туку од домати.

Супстанцијата која не штити од стареење е ликопен, природен пигмент, кој ги прави доматите црвени.

Доброволките во експериментот биле изложени на ултравиолетови зраци. Тие утврдиле дека има големо подобрување на способноста на кожата да се заштитува од штетното влијание на ултравиолетовите зраци кај дамите кои консумирале домати секојдневно.

Во споредба со останатите жени, групата која консумирала домати, ја зголемила заштитната функција на својата кожа со цели 33%  против штетното влијание на некои од сончевите зраци, за кои знаеме дека се едни од основните фактори за предвремено стареење на кожата. Сега тоа можете да го стопирате со секојдневна консумација на домати.