Доларот зајакна, цената на нафтата стагнира

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се зголеми, по неколкудневниот пад.

Loading...

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 110,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 109,75 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 145,20 на 146,30 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0015 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0075 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат по вчерашниот пад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија - 102 смртни случаи од минатата сабота поради топлотниот бран

Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,02 отсто, на 92,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,08 отсто, на 85,75 долари.