Доларот ослабе втор ден по ред, цената на нафтата падна

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.

Loading...

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 106,46 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 106,57 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 139,85 на 139,50 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0375 долари, додека вчера во ова време беше 1,0360 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 1,10 отсто, на 91,85 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 1,30 отсто, на 84,45 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Властите во Сан Франциско одобрија полициска употреба на „роботи убијци“