Доларот ослабе, цената на нафтата падна

Сподели со своите пријатели

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути продолжи да се лизга, откако минатата недела падна за прв пат по три недели раст.

Loading...

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,82 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 108,96 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 142,50 на 142,75 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0085 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0045 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученички го симнаа хиџабот во Иран во знак на протест

Оддалечувањето на еврото од најниското ниво во последните 20 години следеше откако Европската централна банка во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени.

Цените на нафтата, паднаа по силниот скок во петокот

Утрово цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 1,3 долари, на 91,55 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 1,28 долари, на 85,50 долари.

Азиските берзи пораснаа на почетокот на неделата

Цените на акциите пораснаа на азиските берзи во понеделникот, но обемот на тргување беше значително помал од вообичаеното бидејќи неколку земји се затворени поради празници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  25 загинати откако автобус кој превезувал луѓе на свадба во Индија паднал во провалија

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, порасна за 0,5 отсто околу 07:00 часот.

Loading...

Истовремено, индексот Никеи порасна за 1,1 отсто на берзата во Токио, а цените на акциите во Австралија пораснаа за повеќе од 1 отсто.

 Јужнокорејските и кинеските берзи денеска се затворени поради празник.

Азиските инвеститори беа охрабрени од трет ден по ред на добивки на Волстрит во петокот, иако е јасно дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки за да ја спречи инфлацијата.

Во фокусот на инвеститорите оваа недела ќе биде извештајот за потрошувачките цени во САД, кој ќе биде објавен во вторник и кој ќе покаже колку се намалиле инфлациските притисоци во август, со оглед на тоа што цената на горивата паднала тој месец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Грција се размислува за намалување на работното време на продавниците

Аналитичарите анкетирани од Ројтерс проценија дека инфлацијата се лизна на 8,1 отсто на годишна основа во август, од 8,5 отсто еден месец порано.

На Токиската берза исто така позитивно влијаеше веста за олеснување на ограничувањата за патување воведени во еден момент со цел борба против коронавирусот.

Благодарение на тоа утрово значително пораснаа цените на акциите во секторите поврзани со туризмот.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...