Доларот дополнително ослабе, цените на нафтата благо паднаа

Сподели со своите пријатели

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути утрово дополнително падна, откако минатата недела се лизна за 0,2 отсто.

Loading...

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 101,75 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 102,00 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 129,60 јени, колку што беше и во петокот навечер.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0885 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0855 долари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, откако пораснаа две недели по ред.

Цената на барелот на лондонскиот пазар се намали за 0,29 отсто, на 87,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,27 отсто, на 81,30 долари.