Доколку ја допрете оваа билка може да ви се распаднат рацете (фото)

Сподели со своите пријатели

Оваа билка се појавила во Словенија, поточно во Љубљана и во околината на Марибор, каде веројатно „избегала“ од ботаничката градина. Во Босна и Херцеговина е видена во околината на Сараево, веројатно уште во 2007 година.

Loading...

Гигантен свински коров е опасна и агресивна билка која бргу се шири.

Многу се големи шансите оваа билка да ја има и во Македонија и Србија, поради фактот дека таа веќе ја има и во Хрватска, а со оглед на брзото ширење на коровот, многумина не знаат како таа изгледа и како можат да се заштитат.

Ако во некој случај кожата дојде во допир со токсинот кој го лачи гигантскиот свински коров треба пред се веднаш да се саштитите од сончева светлина, да го измиете местото со ладна вода и под итно да се јавите на лекар. Нема простор за паника доколку знаете како обаа билка изгледа и ја избегнувате.

Гигантскиот свински коров е познат и под името кравји першун, а потекнува од Кавказ и средна Азија. Таа може да биде висока и до два и пол метри. Личи на обичен свински коров. Фототоксична е и се смета за штетна во многу држави.

Svinjski-korov-2

Покрај тоа, оваа билка има преубави бели цветови, но доколку дојдат во контакт со вашите очи може да предизвикаат трајно слепило. Доколку ја допрете, кожата станува црвена и започнува да ве чеша. Тогаш излегуваат меури во облик на изгореници во рок од 48 часа. Се формираат и црни и виолетови лузни кои можат да траат и неколку години.

Во Германија оваа билка станала сериозен проблем, откако се забелеажни дури 16.000 жртви во една година.

Loading...

Гигантскиот свински коров се одликува со дебело темно-црвено и виолетово стебло кое има шуплина во внатрешноста. Обемот на стеблото варира, но најчесто е во рамките од 3 до 8 сантиметри, но може да достигне и 10.

За да се заштитите од токсините кои оваа билка ги имат носете заштитна облека, како и заштита за очи. Доколку кожата е изложена измијте се со вода и бегајте од сонцето.

Гигантскиот свински коров многу тешко може да се истреби, со ископување, сечење на цветовите, косење, косење на земјиштето, прскање со течен азот и слично.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.