Доказ дека и во венчаница од 150 денари може да изгледате како кралица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рејчел Конили (26) од Флорида стана планетарен хит откако откри дека купила половен фустан во кој се омажила за само три долари или нешто повеќе од 150 денари.

Loading...

– Овој свилен фустан го купив веднаш откако се веривме и го облеков на церемонијата – напишала Рејчел на видеото каде го покажала фустанот за нејзиниот најсреќен ден во животот.

Тесниот свилен фустан имал набори околу деколтето, а Рејчел го надополнила изгледот со проѕирен превез и бели сандали со потпетици.

 

@rachelconnealyReply to @lacuele I thrifted this silk dress right after we got engaged and still wore it for the ceremony ❤️ #weddingdress♬ original sound – Liah_19

 

Подоцна облекла и друг фустан со бели ракави и чипка над коленото, кој исто така го платила многу евтино, а како што рекла и двата фустани чинат вкупно 10 долари.

Но, Рејчел е жив пример дека гламурот и скапоста не мора секогаш да бидат мерило за убавина, напротив…

Loading...

Видеата од нејзините венчаници собраа речиси два милиони прегледи, а обожавателите се согласија дека на нејзиниот голем ден таа изгледаше исто како војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

 

@rachelconnealyyou never know what you’ll find at the thrift 2 weeks before your wedding #weddingdress♬ original sound – Liah_19