Доказ дека чудата во медицина сепак се можни (фото)

Сподели со своите пријатели

Рилан Кавли е премногу мала за да го разбере чудото во која и самата учествувала, всушност таа се уште е во пелени.

Но, оние кои разбираат не можат, а да не бидат зачудени со фактот како бебето успеало да и го спаси животот на својата мајка.

 

Loading...

carski-rez-cudo-foto-ilyke-1454441652-837159

 

Шели кавли не се сеќава многу поврзано со раѓањето ан Рилан, но се сеќава дека била многу исплашена.

Се сеќавам како лежев на количките и како ме враќаа назад во операциската сала, а јас плачев. Им зборував на лекарите дека се плашам дека нема да се разбудам по операцијата. Тоа сега е многу застрашувачки кога ќе се навратам затоа што бев во право – вели Шели.

Додека Шели била под анестезија поради итниот царски рез, крвното згрутчување во едната нога се откачило и Шели паднала во кома.

Недела дена потоа, медициснкиот персонал започнал да се грижи дека таа никогаш повеќе нема да се разбуди. Многумина верувале дека Шели се откажала и дека нема да живее уште долго, но тогаш персоналот добил идеја.

Бебето Рилан го ставиле на мајчините гради, меѓутоа тогаш се сретнале со проблем.

Рилан веднаш заспа. Тоа не ни беше потребно. Требаше Рилан да започне да плаче, тоа го зборуваа медицинските сестри. Ја боцкавме, ја допиравме за да произведе некаков звук, но таа беше многу среќна што тоа не се случи веднаш. Еднаш кога започна..кога започна да плаче мислам дека тоа навистина допре длабоко во Шели и ја разбуди – вели нејзиниот татко.

Некако плачот на бебето допрел до нејзината мајка и ја разбудил од кома, тоа било и она на што медицинскиот персонал се надевал.

Ја сега сум стопроцентен верник во чудата – вели сестрата Манус.

carski-rez-cudo-foto-ilyke-1454441969-837167

 

Сега целосно опоравена и горда мајка на слаткото девојче, Шели исто така верува во чуда и таа знае дека нешто ја повикало во плачот на нејзината ќерка што ја повратило во живот.