Додека лекарите ѝ го оперираат мозокот, таа свиреше виолина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Хирурзите во болницата „King’s College Hospital“ во Лондон оперираа мозочен тумор на 53-годишна музичарка, а таа за време на операцијата таа свиреше на виолина.

Loading...

Лекарите го мапирале мозокот на виолинистката Дагмар Тарнер (53) пред да ја започнат операција за отстранување на тумор на мозокот, за да идентификуваат области кои се активни додека свири, како и оние одговорни за говор и движење, пренесува Time.

Зошто хирурзите во операциона сала носат зелена или сина облека?

Потоа ја разбудиле среде операцијата. Тогаш таа свиреше виолина, за да хирурзите не ги оштетуваат клучните области на мозокот кои контролираат нежни движења на рацете кога свират, соопштија од болницата.

„Знаевме дека нејзината виолина е важна, затоа беше клучно да се зачува функцијата на оние делови од нејзиниот мозок што ѝ овозможуваат свирење. Бевме во можност да отстраниме 90% од туморите, вклучувајќи области за кои се сомневавме дека имало агресивна активност. Левата рака остана целосно функционална“, рече проф. Кијумарс Акан, нејзиниот неврохирург.

Неверојатно: Родено трудно бебе, по раѓањето лекарите извршиле царски рез

Тарнер е член на симфонискиот оркестар и ја напушти болницата три дена по операцијата и се надева дека наскоро ќе се врати на работа.

Таа го пофали тимот на лекари кои ја извршија оваа голема операција.

Loading...

„Мислата дека можеби ќе ја изгубам својата способност за свирење беше скоро неподнослива, но бидејќи и самиот професор Аскан е музичар целосно ја разбра мојата загриженост. Со тимот, тој ја планираше операцијата детално и сè испадна како што треба“, рече Тарнер.

Leave a Reply