Добила тумор кој ѝ го презел окото и продолжил да расте: Не сакала да се крие, па стана ѕвезда на ТикТок (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мојата состојба се вика лимфангиом. Имав тумор кога имав четири години. Имав три операции кои не беа успешни бидејќи не можеше да се отстрани целиот тумор. Користам TikTok затоа што сакам да им покажам на сите дека можам да правам работи што ги прават и други луѓе“, веднаш откри храбрата Кристел од Филипините.

Loading...

Големиот израсток на местото на очниот капак ги заинтригира многумина кои ја запознале, но како што вели таа не и пречи.

Таа во интервју за „Born Difrent“ објасни како го изгубила окото и како изгледа нејзиниот живот денес.

– Се грижам за моето око со внимателно миење, бидејќи не користам никакви лекови или специјални производи за него. Се започна кога имав четири години, мама и тато забележаа мала дамка на мојот очен капак, па отидовме во најблиската болница да провериме за што се работи – раскажува девојчето.

По две операции и отстранување на окото, големината на туморот останала иста. Кристел и нејзиното семејство позајмиле пари за да одат на третата операција со надеж дека туморот ќе биде отстранет.

 

@ki.telleHI 😊😊 #foryou #goodvibes #foryoupage #xyzbca #xyzcba♬ Come With Me – medjo aa

 

Loading...

– Третиот беше неуспешен. Не можеа да го отстранат целиот тумор поради обилно крварење и затоа што можеа да ја повредат вената што оди од окото до мозокот – се присетува Кристел.

– Му се молев на Бога и се прашував дали има други начини да го поправам. Затоа што таа е мое дете и ја сакам, но што и да направив не можев да најдам решение за нејзината состојба. Имавме толку многу трошоци што морав да позајмам пари. Имавме пари за само половина килограм ориз неделно, лежев на картон пред болница – се сеќава таткото на Кристела Роберто на периодот на третата операција.

Како дете, врсниците на Кристел во училиште ја задевале за нејзиниот тумор, таа немала пријатели и сè што сакала е да го напушти училиштето.

– Сепак, поради родителите бев мотивирана да продолжам да одам на училиште секој ден – се присетува девојката.

Откако нејзините врсници се приклучиле на социјалните мрежи и почнале да користат ТикТок, Кристел мислела дека не припаѓа на тој свет, плашејќи се дека повторно ќе биде мета на напад.

 

@ki.telleHELLO GAIS 😅😅 ##fyp ##foryou ##justforyou

♬ ME LOVE VROOM VROOM – Miko

 

Loading...

Сепак, таа решила да се обиде и сега е многу успешна на оваа социјална мрежа, бидејќи десетици илјади луѓе го гледаат речиси секое нејзино видео.

– Почнав да снимам затоа што сакав да им покажам на другите дека можам да правам работи што ги прават нормалните луѓе. Сега имам 119.000 следбеници – вели таа.

– Сѐ уште се надевам дека туморот ќе помине. Се молам некаде да има лекар кој би ја лекувал. Навистина се надевам дека туморот ќе и исчезне – вели таткото, додека Кристел додава дека никој не смее да дозволи да го дискриминираат, туку да покаже дека се надева и е среќен дури и со хендикепот што го има.