19.08.2019 11:46

Добила отказ, затоа што на патник на аеродром му кажала дека е грд (ВИДЕО)

Facebook Twitter Google+

Работничка на еден аеродром во Њујорк добила отказ затоа што на патник му дала парче хартија на кое пишувало „грд си“.

Патникот Нил Страснер (40) минувал низ безбедносната проверка на меѓународниот аеродром „Greater Rochester“ кога стражарката му предала парче хартија на кое биле напишани збровоите.

Loading...

Страснер првин мислел дека е парче хартија за фрлање па не го отворил веднаш. Откако се одалечил, викнала по него: „Зарем нема да го отвориш?“

Кога конечно ја отворил хартијата ја видел пораката, ја ставил назад во џебот и одлетал за Канзас.

На безбедносната камера јасно се гледа како работничката му се смее, а откако тој заминал повторно кине парче картон, веројатно за следната „жртва“.

Страснер случајот го пријавил до службите, а работничката поради оваа груба шега добила отказ.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments