До ОЈО Куманово поднесена кривична пријава за Србин кој шверцувал златен накит на Табановце

Сподели со своите пријатели

До Основното јавно обвинителство Куманово поднесена е кривична пријава против физичко лице Ч.Ј. државјанин на Република Србија кој на ден 23.07.2016 година со ПМВ-ло со швајцарски регистарски ознаки се пријавил на излез од Република Македонија и се обидел да шверцува златен накин и часовници, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

При извршена контрола на багажниот простор од возилото, поточно од левата страна во преградата оградена со мрежа наменета за чување на помошен прибор, од страна на царинските службеници, била пронајдена една црна најлонска кеса во која биле сместени 8 рачни часовници и разен златен накит: алки, ѓердани, прстени, брош, со вкупна тежина од околу 440 грама.

На ваков начин осомничениот избегнувајќи ја царинската контрола пренел непријавена стока со вкупна вредност од 1.081.320 денари.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.