До недела претежно стабилно време

Сподели со своите пријатели

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што е можна појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Loading...

Утринската температура ќе се движи од 3 до 12, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура до 23 степени.

До недела ќе преовладува претежно стабилно време. Во недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе е нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено покачување. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.

Leave a Reply