До крајот на работната недела стабилно и топло, за викенд дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Ведро и сончево време може да очекуваме во текот на денешниот ден со намалување на интензитетот на северозападниот и северниот ветер кои во претходните два дена беа застапени.

Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 29 до 35 степени целзиусови, додека УВ иднексот ќе биде висок и ќе има вредност 8.

Во Куманово и околината денес ќе имаме исто така сончево и топло време со нзачително намалување на ветерот кој и натаму ќе дува од северозападен правец, но со значително помал интензитет. Максималната дневна температура ќе изнесува 32 степени целзиусови, а УВ индексот ќе има вредност 8.

До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во сабота попладне и во недела во текот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела ќе дува и повремено засилен северен ветер.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...