До крајот на денот услови за локален пороен дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, кој локално ќе бидат поројни, со засилен ветер и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Повеќе врнежи се очекуваат во јужниот и југоисточниот дел од земјава. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 21 до 29 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Зголемената облачност ќе донесе и појава на слаби грмежи и врнежи. Ќе дува слаб северен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 27 степени целзиусови.

В среда сеуште ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладнето. Дневните температури на воздухот ќе бидат во опаѓање за околу 7 до 10 степени. Во попладневнте часови врнежите ќе престанат и ќе има постепено стабилизирање на времето.

Температурата повторно ќе биде во покачување, стои во извештајот на УХМР.