ДНР: Три лица загинаа во гранатирање на пазарот во Доњецк

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа во украинското гранатирање на пазарот во Доњецк, соопшти денеска Министерството за вонредни ситуации на самопрогласената Доњецка Народна Република.

Loading...

„Според сегашните податоци, три лица загинаа, едно лице е рането“, соопшти Министерството, пренесе ТАСС.

Од министерството додаваат дека по гранатирањето избувнал пожар кој „проголтал“ 30 тезги на околу 200 метри квадратни, а пожарот бил локализиран околу пладне.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Доњецк пристигнаа првите мобилизирани руски војници