ДНК, Мартинијан, Пајак, Лара и Туна вечерва на плоштадот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Со голем концерт вечерва на плоштадот во Куманово ќе започне одбележувањето на 79 години од ослободувањето на градот и 504 години од неговото формирање.

Loading...

Кумановската публика ја очекува неколкучасовен музички хепенинг кој во 20:00 часот најпрвин ќе го отвори кумановецот Мартинијан Кириловски со својот бенд.

Потоа следува настапот на дуото кој го има најпопуларниот хит во Македонија, а тоа се Пајак и Лара.

По нив пред публиката ќе се претстави миленичката на албанската публика, Туна, а како ѕвезди на вечерта ќе бидат Андреј и Панчо од дуото ДНК кои ќе ја затворат вечерта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

Предвидено е на присутните кратко да им се обрати градоначалникот Максим Димитриевски, по што ќе следува и традиционалниот огномет.

Настанот е во целосна организација на Фондацијата за култура и спорт, а со финансиска поддршка на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски