Дивите депонии и загадувањето главна тема на вчерашниот Локален совет за превенција

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во соработка со Отсекот за превенција при СВР Куманово, вчера  одржаа состанок на Локален совет  за превенција на тема: Справување со диви депонии, загадување и уништување на јавен имот.

Loading...

На состанокот е формирана тематска проблемска работна група за заштита на животна средина која е составена од седум члена, која во период од една недела ќе прибира предлози и идеи за конкретни активности кои ќе бидат ставени во Акциски план,

До донесувањето на Акцискиот план, во септември и октомври да се организираат повеќе акции на терен на веќе лоцирани критични локации со учество на претставници од институции, невладини организации и граѓани од конкретни подрачја за чистење и подигање на јавната свест,

Учество на ТВ емисии каде што ќе се информира и разговара за последиците од загадувањето, справувањето со диви депонии, информација за одлагање на разни видови на отпад и вклучувањето на институциите, невладините организации и граѓаните,

Изнаоѓање на можност за воведување на втора смена односно дежурства на комунален инспектор и комунален редар заради поуспешна и поефикасна контрола на терен во соработка со полицијата и граѓаните,

Останатите предлози и идеи за поставување на табли, емитување на спотови на телевизија за подигање на јавната свест, рекламна кампања, едукација во училишта, еко патроли и други форми за подигање на јавната свест ќе бидат еден дел од предлозите и идеите преточени во Акциски план.

Како еден општ заклучок е заеднички сите, почнувајќи од Совет на Општина Куманово, институции, граѓани, невладини организации да се вклучат и да дадат свој допринос во зајакнување на граѓанската совест, како и пријавување на загадувачите на животната средина.

Leave a Reply