Дивеел по патот, полицијата му го одзеде возилото вредно 270.000 евра

Сподели со своите пријатели

Данската полиција заплени луксузно возило, откако сопственикот бил фатен како вози со брзина од 236 километри на час, кога одел од Германија за Норвешка, објавија локалните медиуми.

Loading...

Човекот е ирачки државјанин кој живеел во Норвешка, и возел „Ламборџини Хуракан“ (lamborghini huracan) пребрзо на место каде што огрнаичувањето било 130 километри на час, објави АП.

Според новиот дански закон, полицијата може да ги заплени возилата на бескрупулозните возачи и да ги продаде на аукција, а парите одат во данскиот буџет.

Весникот „Нордика“ објави дека Ирачанецот го купил автомобилот неколку часа претходно во Германија за 310.000 долари или 270.000 евра.

Полицаецот Џес Фалберг, кој бил на должност, за „Нордијске“ изјавил дека сопственикот бил „малку вознемирен“ кога неговиот автомобил бил запленет.

Покрај тоа што ќе му биде одземен автомобилот, тој ќе мора да плати и казна.