Дивата депонија кај Перо Чичо ќе стане парк со дрвја

Сподели со своите пријатели

Дивата депонија на влезот од кумановската населба Перо Чичо наскоро ќе стане мини парк со дрвја, ова денеска го најави директорот на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Loading...

Денеска повторно започна чистење на депонијата, а планот на јавното претпријатие и локалната самоуправа е на оваа локација да се засадат дрјва и да се спречи несовесните граѓани повторно тука да одлагаат смет.

– Во соработка со невладина организација „Дром“ на оваа локација ке направиме и мини парк со поставување на урбана опрема. Уште еднаш упатувам апел до несовесните граѓани да престанат со непрописно исфрлање на отпад, а локалното население доколку забележи ваква појава да ги информораат надележните служби и да пријават, вели Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Инаку токму оваа депонија се чисти на неколку месеци, но несовесните граѓани за неколку дена повторно локацијата ја преплавуваат со разновиден отпад, кој понекогаш и го палат што создава неподнослива миризба низ тој дел од градот.

Никола Ивановски

Leave a Reply