Директорот за генерален развој во УСАИД во посета на Општина Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Директорот за генерален развој во УСАИД Македонија Едвард Гонзалес денеска беше во посета на општина Куманово при што оствари средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

На средбата, како што информираше првиот човек на Куманово, се разговарало за повеќе теми за досегашните, но и можните идни соработки со УСАИД.

– Разговаравме на различни теми, за можните идни соработки и секако користејќи ги досега позитивните пракси, ќе продолжиме со таа несебична соработка од двете страни, разговаравме на тема за јакнење на капацитетите на општината и дополнителна реализација на можни проекти за оспособување на тимови, едукација како би можеле да ги следиме трендовите во делот на сите апликации при апшлицирање и искористување на европските фондови и други видови на можни донации, грантови и помош кои ќе следат во следниот период при нашиот евро-атлански процес на државата, изјави Димитриевски.

Како што додаде Димитриевски, во име на граѓаните е упатена благодарност до американскиот наорд и помошта преку УСАИД за сите досегашни проекти имплементирани во градот.

– Многу сум среќен што сум тука со градоначалникот на Куманово и со дел од неговиот тим за да дискутираме за некои од предизвиците и развојните можности кои постојат тука во оваа прекрасна општина. УСАИД е посветенa кон поддршката за развојните можности кои постојат во Северна Македонија, разгледуваме повеќе можности за партнерство со општините за да можеме да ги поддржиме добрите идеи како оние кои ги има градоначалникот на Куманово за подобрување на животот во заедницата и на граѓаните во оваа општина, изјави Едвард Гонзалес, директорот за генерален развој во УСАИД Македонија.

Loading...

Гонзалес ги поздрави идеите на Димитриевски и најави соработка и поддршка за дел од нив во иднина.

Leave a Reply