Директните предци на кралот Чарлс биле сопственици на робови

Сподели со своите пријатели

Директните предци на кралот Чарлс III и на кралското семејство купувале и експлоатирале поробени луѓе на плантажите за тутун во Вирџинија, според најновите откритија направени од Дезире Баптист, британска писателка и истражувач.

Loading...

Документот пронајден во архивите открива дека директен предок на кралот бил вклучен во купувањето на најмалку 200 поробени луѓе од Кралската африканска компанија (RAC) во 1686 година.

Тој му наложува на капетанот на бродот да ги предаде поробените Африканци на Едвард Портеус, сопственик на тутунска плантажа во Вирџинија, и на уште двајца мажи, објави Гардијан.

Синот на Портеус, Роберт, го наследил имотот на неговиот татко пред да го пресели семејството во Англија во 1720 година.

Баптист ја истражувал врската помеѓу англиската црква и робовите во Вирџинија во архивите на RAC и открил директна линија на семејното стебло Виндзор до поробената африканска трговија.

Кралската африканска компанија тргувала со речиси 180.000 поробени луѓе и добила кралски повелби од неколку англиски кралеви.

Тестаментот на Едвард Портеус, друг документ што го испитува Баптист, се однесува на „негри“, кои ги оставил на својот син Роберт, додека на неговата сопруга Маргарет оставил „црнец Кумбо“.

Вирџинија има посебно значење во историјата на американското ропство, поради злогласното слетување на поробените Африканци во Џејмстаун во 1619 година.

Loading...

Законите воспоставени за да се одржи ропството и да се потиснат востанија предвидени за камшикување и сечење на делови од телото за каква било непослушност на робовите, како што се лажење или обид за бегство.

Востанието на поробените луѓе во округот Глостер во 1663 година било безмилосно задушено, а според извештајот на Фондацијата за колонија Вилијамсбург, „неколку крвави глави виселе од врвовите на локалните оџаци како страшно предупредување за другите“.

Во драмата Баптист напишана врз основа на нејзиното историско истражување, главниот лик го повикува Чарлс да се извини за институционалната и семејната вмешаност на монархијата во трансатлантското ропство.

„Документот на Кралската африканска компанија покажува дека директниот предок на сегашниот крал тргувал со новодојдените Африканци и профитирал од конфискуваните животи на поробените луѓе, како што е „црната жена Кумбо“ спомената во тестаментот на Едвард“, истакна Баптист, додавајќи дека тоа значи дека кралските врски со ропството се повеќе од само институционални, тоа е во нивното семејно наследство.

Професорот Тревор Бернард, директор на Институтот Вилберфорс за проучување на ропството и еманципацијата на Универзитетот во Хал, рече дека британскиот крал дал охрабрувачки поттик за понатамошни истражувања и дека „најновите информации покажуваат дека треба целосно да го проучиме врски меѓу кралското семејство, аристократијата и сите делови на Британија, со ропството“.

На почетокот на овој месец, Гардијан објави документ кој го поврзува трговецот со робови Едвард Колстон со британската монархија, по што кралот Чарлс за прв пат ја поддржа истрагата за врската помеѓу британската монархија и трансатлантската трговија со робови.

Портпаролот на Бакингемската палата тогаш изјави дека Чарлс „многу сериозно го сфатил прашањето за ропството“, кое го опиша како „ужасно злосторство“, пренесува Танјуг.