Димитровска: Нудиме конкретни решенија, а не шпекулативни проекти и програми (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Конкретни решенија, а не шпекулативни проекти и програми“, ова според Теодора Димитровска кандидат за градоначалник на Куманово од коалицијата ЛДП и ДОМ е понудата за граѓаните.

Loading...

Како што рече Димитровска на денешната прес конференција, на овие локални избори ќе се настапи со млади луѓе и политики и предлог решенија за секој еден граѓанин.

– Настапуваме со млади луѓе кои вистински се креатори на политики од една страна, но и со политики и предлог решенија во кои секој еден граѓанин ќе чувствува припадност, а не одвоеност од власта и политиката. Тимот е тој кој ме мотивира, а тимот и своетничката листа која ја нудимеовие избори се лица кои значат нова генерација на политичари во нашата општина, рече Димитровска.

 

 

Главна точка на програмата, како што рече таа, се токму младите и креирање на град за млади.

– Нудиме предлози кои градот ќе го направат зелен, а сепк урбан и развиен. Смарт или модерна општина содржи решенија во кои преку еден клик секој ќе може да биде поблиску до општината, но и општината која ќе биде поблиску до сите нас. Културата и уметноста ги ставаме на пиедестал и активно ќе се залагаме за поттикнување на луѓето повеќе да творат, а воедно и да им обезбедиме простор каде можат да ја покажат својата креативна страна, изјави Димитровска.

Loading...

Според кандидатот на ЛДП и ДОМ, ќе се понудат и услови за подобро развивање на младите и средни претпријатија, а ќе се работи и на руралниот одржлив економски развој.

Никола Ивановски