Димитриевски во Брисел доби награда за најдобар градоначалник на Ромите

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во Брисел доби награда за најдобар градоначалник на Ромите од Северна Македонија.

Loading...

„Голема е честа за мене како Градоначалник и за моите сограѓани во Куманово, што сум избран за Градоначалник – најдобар пријател на Ромите, овде во срцето на обединета Европа. Овде сум претставник на Северна Македонија, но тоа е МАКЕДОНИЈА. Јас сум Македонец и живеам во град каде што има најмалку 10 етникуми кои живеат заедно во мир со години, со векови, и ние сме многу горди на тоа. Во нашата општина имаме мала верзија на Европската Унија. Ние сакаме да ви се придружиме, да бидеме со вас, заедно, да ги делиме истите вредности, бидејќи во 21 век не сакаме да зборуваме повеќе за поделба и дискриминација“, рече Димитриевски.

Тој посочи дека сакаме да зборуваме за европската иднина, да живееме заедно, обединети, борејќи се против секого кој сака да го промени минатото и да и наштети на нашата европска иднина, велејќи дека тоа се вредностите!

„Граѓаните на Куманово сакаат да Ви се заблагодарат затоа што ние се гордееме со Вас, но ве молам дојдете и поддржете не. Не е прифатливо во 21 век да се блокира некоја земја за да не може да се прклучи на Еропската Унија. Како што кажавте дека Западен Балкан припаѓа во Европа, ние навистина припаѓаме на Европа и ние сме европејци исто како и вие. Токму затоа ние сакаме да бидеме со вас. Ајде заедно да зборуваме со нашите соседи, особено со Бугарија, да не се зборува веќе за историјата. Ние сме Македонци, како што Ромите се Роми, како што Албанците се Албанци, сите имаме наша сопствена историја, традиција и култура. Блокадата мора да сопре, да се обедини целиот Западен Балкан и сите да се приклучиме на Европската Унија. Сите Европејци заедно во Европската Унија!“, истакна Димитриевски. Димитриевски упати голема благодарност до Европратеникот Ромео Франц кој
му ја врачи наградата, како и на сите членови на Ервопскиот Парламент, до Рома Актив Албанија и Мрежата ЕРГО, кои во соработка со ЕУ успешно го координираа овoj проект.