Димитриевски: Убеден сум дека денеска ќе победи демократијата

Сподели со своите пријатели

Своето право на глас денеска го оствари и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој гласаше на избирачко место во Гимназијата „Сами Фрашери“.

Loading...

Денеска е голем ден, рече Димитриевски по завршувањето на својата граѓанска должност, избираме претседател на државата кој треба да не води во следните пет години, вели тој.

– Убеден сум дека денеска ќе победи демократијата, ќе победат граѓаните на Република Северна Македонија, бидејќи основната цел е да успееме Македонија да ја интегрираме европски и да ја ставиме во друштвото на сите модерни нации и модерни држави, затоа им посакувам на сите граѓани да се отповикаат на денешниот ден и да ја дадат својата поддршка на тој кандидат за кој што сметаат дека е најдоброто решение за државата, целиот процес да протекне во демократски манири и секако да победат граѓаните, рече Димитриевски.

Leave a Reply