Димитриевски: Со длабока болка и тага се сеќаваме на жртвите од 9ти мај (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Никогаш да не заборавиме и да не дозволиме да се повтори оној 9ти мај 2015 година кога сето она кон кое се стремиме беше загрозено, рече градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на денешното чествување на Денот на победата над фашизмот.

Loading...

– Со длабока болка и тага се сеќаваме на жртвите од тој немил настан кој сите ние кумановци со заеднички сили го спречивме и не му дадовме можност да не дестабилизира. Не дозволивме да бидат заборавени и не дозволивме да бидат повредени нашите заеднички вредности на соживот и взаемна толеранција, рече Димитриевски.

Во немилите настани од 9ти и 10ти мај 2015 година животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, кои наводно се бореа со терористи. Меѓутоа вистината се уште е заглавена во судските лавиринти.

Утре со почеток во 11 часот Здружението на бранители во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово ќе организира панихида во чест на загинатите херои од Диво насеље.

Leave a Reply