Димитриевски: Секоја иницијатива за надминување на проблемот со загадувањето е добредојдена!

Сподели со своите пријатели

Аерозагадувањето е генерален проблем, на кој Општина Куманово работи, вели во својата изјава градоначалникот Максим Димитриевски по повод денешниот протест на граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“.

Loading...

Вели дека ја разбира загриженоста на граѓаните и секоја иницијатива и предлог за решавање на проблемот се добредојдени.

– Дел од мерките што ги споменува граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“ се веќе реализирани, но  секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојдена. Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да, сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина, и секој од нас треба да се запраша колку допринесува за тоа, колку е разбудена свестта кај нас за чиста животна средина, стои во писмената реакција на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Leave a Reply