Кумановци на протест поради аерозагадувањето (ФОТО+ВИДЕО)


Под мотото „Куманово се гуши“ денеска на градскиот плоштад пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ се одржа протест против аерозагадување, во организација на граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“.

Со транспаренти и пораки околу 200 кумановци побараа локалната самоуправа да преземе итни мерки за намалување на аерозагадувањето.

Loading...

Една од првичните мерки кои ја предлагаат е рестриктивно движење на возилата, кога аерозагадувањето е поголемо од дозволеното во период од 16:00 до 23:00 часот во централното градско подрачје.

Фросина Ѓорѓиевска од иницијативата „Македонија се гуши“, истакна повеќе краткорочни и долгорочни мерки кои, вели, ќе бидат доставени до Општина Куманово.

– Би сакале и бесплатен јавен превоз кој ќе е субвенциониран од страна на Општина Куманово, ваучер кој ќе е за купување велосипеди, а од долгорочните мерки пет отсто од Буџетот на општината да се инвестира во мерки за чиста животна средина. Имаме многу проекти кои ќе бидат успешни за зелени површини во Куманово, имда имаме нови паркови со зеленило на повеќе локации во градот, итно носење нов урбанистички план изјави Ѓорѓиевска.

На новинарско прашање дали побарале средба со локалната самоуправа, Ѓорѓиевска рече дека побарале, но од таму не пристигнал никаков одговор.

Loading...

Меѓу останатите краткорочни мерки кои ги предлагаат е формирање на зелени пешачки зони, особено на места кои претставуваат тесни сообраќајни грла во централното градско подрачје, строго санкционирање и забрана за палење отпат на отворено, пластика и гуми. Чистење на дивите депонии и нивно претворање во зелени површини. Замена на стари печки на дрва во домаќинствата со нови печки на пелети со дирекна субвенција од страна на Општината во висина од 50 отсто од вредноста на печката.

На долгорочен план, иницијативата предлага интензивирање на гасификацијата на Куманово со помош на парични средства од Владата, субвенции за приклучок на гас, за домаќинства и индустриски капацитети, развој на секундарна гасификациона мрежа, масовно пошумување, купување гардски автобуси кои ќе работат на метан и итно носење на генерален урбанистички план.

Како што истакнаа од „Македонија се гуши“, загадувањето е најголем убиец. Предлог мерките ќе ги достават до локалната самоуправа.

Протестот доби поддршка и од опозицијата во градот, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *