Димитриевски: Немам против Бугарите да влезат во Уставот, но од моментот кога ќе донесат декларација во нивното собрание

Сподели со своите пријатели

„За нас францускиот предлог беше неприфатлив и тогаш и денеска. Доколку треба да се гласа за уставните измени во моментов не би гласал, зошто? Немам ништо против Бугарите да бидат во нашиот устав, но од моментот кога Бугарија ќе донесе декларација на нивното собрание да го признае Македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската самобитност, а не од 45-та, туку во континуитет и еднаш засекогаш да донесе декларација во која нема територијални, културни или било какви други претензии кон нашата држава. Вие не можете да ставите некого во уставот којшто не ве признава впрочем. Зошто нашите Македонци во Бугарија не се признаени или не се признаени ако не се согласно нивниот граѓански устав да бидат признаени со една декларација дека постојат како малцинство во Бугарија, туку им се забранети сите дејствија“. Ова, денеска го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во „Студио 10“ на телевизија 24.

Loading...

Димитриевски потенцираше дека Македонија треба да се најде во ЕУ, а Европа треба да најде начин да си ги дисциплинира државите членки да не ја злоупотребуваат својата позиција бидејќи, последниот пример со Бугарија кажува дека јазикот или Уставот не е проблемот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

„Веднаш по самиот инцидент којшто не сакам ни да коментирам се најави ново вето, зошто? Па, јас ги почитувам сите бугари што живеат во оваа држава. Ако луѓето се изјасниле за бугари тие се реалност, живеат тука, наши сограѓани и нека си живеат среќно. Никој не им брани да бидат Бугари. Но, немојте да ми доаѓаат луѓе од странски држави, особено европратеници, политички претставници во сред Македонија во центарот на Скопје да ми кажуваат дека Бугарија е од Црно море до Охридско езеро, дека Македонците не постојат, дека сме вештачка творба. Драго ми е што конечно претседателот Стево Пендаровски дојде на моите ставови и повика да се забрани влез на некои политичари од Бугарија. И, сега си поставувам прашањето кој тоа всушност настапува? Дали Пендаровски 1, Пендаровски 2, Пендаровски 3, бидејќи овој Пендаровски 3 последниот, со неговиот последен став за мене е прифатлив. Но, Пендаровски 1 оној пред Францускиот предлог и Пендаровски 2 којшто потврди дека Францускиот предлог всушност самиот учествувал во договорот не е прифатлив. Не го бирав Пендаровски поради тоа. Затоа оваа држава треба да има луѓе со интегритет, кои не ги менуваат своите ставови под притисок или ќе легнат со еден став и ќе се разбудат со друг, туку врз база на реална анализа и ќе се држат до ставовите бидејќи тоа се државни ставови и ставови на државата“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ние од ЗНАМ кажавме дека нема коалиција додека не се потпишат и дефинираат црвените линии за Македонија

Тој посочи дека неговиот концепт и концептот на поддржувачите е Европа. Сите ние сакаме да одиме таму, но како чесни и достоинствени луѓе, како Македонци.

„Ние имаме недозреана политичка елита којашто ја води државата на сите можни нивоа. И на крајот, истата се претставува како проевропска коалиција. Значи, ние не сме европејци? Ние не сме за Европа, само тие се за Европа? Па срамно е, каква коалиција за Европа? Со луѓе кои се на црни листи, со Мендух Тачи? Што е тоа? Се прави промена на парламентарното мнозинство по потреба, па тоа не е европска коалиција, тоа е чиста бизнис коалиција. Државата ја води Ахмети, а Ковачевски е секундантот. Ќе обвинуваат јавно и отворено медиуми, тоа е застрашувачки, за секоја осуда и мислам дека не должат само извинување. Првенствено, должат многу за унапредување на правата на медиумите. Политиката мора да ги тргне рацете од медиумите и уредувачката политика“, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Во „Студио 10“, градоначалникот Димитриевски информираше дека на 4 февруари ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев.

„Да, веќе континуирано откако сум градоначалник во име на мојата општина, во име на моите граѓани полагаме цвеќе на 4ти февруари на споменикот на Гоце Делчев, а претходно и во средното училиште во гимназијата Гоце Делчев во Куманово. И оваа година сме пријавени и чекаме од страна на протоколот да ни биде потврдено согласно безбедносните мерки и процедури, сигурно ќе ни биде одобрено. Апелирам до граѓаните да го испочитуваме нашиот патрон Гоце Делчев неговото лик и дело на еден мирен, демократски, достоинствен начин без било какви инциденти. Но, секако да си го чуваме и браниме своето“, додаде Димитриевски.