Димитриевски: Нема да дозволиме никогаш повеќе луѓето да се делат на наши и ваши

Сподели со своите пријатели

„Сметаме дека само со работа се постигнува резултат. Но, не треба да ги делиме луѓето и нема да дозволиме луѓето никогаш повеќе во Македонија да се делат на ваши и наши, на припадници на една или друга политичка партија“. Ова вечерва го изјави градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Loading...

Тој истакна дека во Куманово суштински се променети работите, покачена е брзината, намалена потрошувачката, редуцирани се зависните трошоци и дојдено е до реални резултати.

Во однос на одржувањето на следните парламентарни избори, тој информираше дека се подготвени за избори уште утре, ќе ги повикаат граѓаните да излезат и да ја дадат својата поддршка, да ја поддржат иницијативата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: Има ли деца да ги пополнат училишните клупи?

„Впрочем така се случи и на локалните избори, ние немавме некои екстремни подготовки во Куманово. За еден ден собравме повеќе од 1.500 потписи. Не очекувавме да собереме повеќе од 300, бидејќи процесот за собирање потписи е многу спор, бевме блокирани, не ставија во една просторија, се создадоа колони од народ и се случи народот. Тоа ќе се случи сега во Македонија и на глобално ниво. Името на движењето не знам како ќе се вика во овој момент, јас би посакувал да излезе едно креативно кратко име кое ќе биде резултат на идејата на членството во самото граѓанско движење кое само треба да предложи име. Иницијативата треба да дојде од нив. Тоа што е повеќе важно е каква ќе биде програмата, а ние ќе понудиме реални политики коишто ќе можат да направат суштински реформи. Има голем број на високи интелектуалци, универзитетски професори од сите универзитети во државата, членови, придружни, активни членови на МАНУ, дополнително докажани бизнисмени, земјоделци, независна структура, луѓе кои создале животен капитал самите, никој ништо не им помогнал. Луѓе кои вредат како име и презиме, како персона во самото општество и луѓе кои си стојат зад зборот, бидејќи честа е на прво место во животот и тоа што ќе го кажете треба и да го реализирате“, потенцираше Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Гласовите на граѓаните му даваат сила и легитимитет на Претседателот на државата да и каже НЕ на извршната и на законодавната власт