Димитриевски на најмалите им посака секогаш да бидат среќни, насмеани и со позитивна енергија

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски по повод Денот на шегата 1 Април на сите дечиња им посака секогаш да бидат среќни,
насмеани и со позитивна енергија, а возрасните да ги поддржуваат во животот и да ги бодрат во нивните соништа.

Loading...

„Нашите најмили и оваа година традиционално се шегуваат и од раните утрински часови со маски го празнуваат 1 Април – Денот на шегата. Детскиот џагор и детските шеги се слушаат насекаде, во училиштата, на улиците, во парковите и на плоштадите во Куманово. На сите дечиња им посакувам секогаш да се среќни, насмеани и со позитивна енергија, а ние возрасните да ги поддржуваме низ животот и да ги бодриме да ги следат своите соништа. Смеата и добриот збор се тие кои нè зближуваат сите нас, да се трудиме да станеме подобри луѓе, да си помагаме и да се грижиме едни за други“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава беше излезноста во Старо Нагоричане до 18:30 часот?