Димитриевски: Македонија мора да се стабилизира, децата ни се поделени уште во градинка

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија информираше дека на следните парламентарни избори ќе излезат со конкретна реална и остварлива програма, со луѓе кои немаат опашки зад себе и ќе им се даде шанса да менаџираат, а Македонија мора да се стабилизира и да биде држава на граѓаните, а не на политичарите и поединци.

Loading...

„За разлика од останатите ние не ветуваме, ние реализираме. Ние практикуваме власт во Куманово, ние заедно со граѓаните победивме на изборите и го срушивме митот за политичките партии. Едноставно заедно со граѓаните ги победивме сите. Куманово го менува својот лик, Куманово од една од најзадолжените општини во државата, денеска е една од финансиски најстабилните општини во државата. До денеска имаме реализирано, во оваа година повеќе од 100 проекти. Тоа е сериозен резултат. Видете, не можеме да постигнеме да го објавиме сето она што го имаме реализирано. Не ветивме бесплатен автобуски превоз, а еве го имаме во Куманово, функционира веќе трет месец, ќе влеземе во четвртиот месец. Куманово е општина којашто има сериозно најсоцијална поддршка за своите граѓани. Денеска поделив социјални трансфери на многу невладини организации кои ќе дадат допринос да помогнат на многу семејства во градот. Дополнително, даваме субвенција на семејства ги плаќаме јавните давачки и уште многу други социјални услуги паралелно испорачуваме“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поскапе регистрацијата на автомобилите

Тој истакна дека никој не сака да живее во толку корумпирана држава.

„Погледнете ги изјавите на нашите најголеми стратешки партнери САД, на амбасадорката сето тоа што го кажа со тоа се сложи и актуелната власт. Па, зарем не е срамота? Вас некој ве критикува и ви вели дека имате корумпирана држава, а вие сте тие што ја водите и вие велите „е така е“, а пред неколку денови и извештајот на Стејт Департментот тоа го потврди. Зошто да живееме во таква корумпирана држава, за да можат поединци да ја поседуваат? Па нашите предци не гинеа за да создадеме ваква држава. Затоа младите од ден на ден ни бегаат“, посочи Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

Во емисијата, Димитриевски изјави дека македонецот треба да се обедини на национален план и тоа е повеќе од потребно.

„Да го обединиме македонецот на национален план, тоа е повеќе од потребно и дополнително да почнеме да градиме едни реални, позитивни добрососедски и мултиетнички односи во мултиетничко општество коешто сакаме суштински да функционира, бидејќи нас децата ни се поделени уште во детска градинка и сето ова е лицемерие. Доколку градиме мултиетничко општество треба да го градиме суштински, а не само помеѓу политичарите. Во моментов, Македонија гради биетничко општество и тоа е еден феномен којшто час поскоро треба да го заборавиме и да дадеме еднаква шанса и можности на сите кои живеат во оваа држава“, додаде Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ