Димитриевски: Македонија мора да продолжи во процесот на евроатлантските интеграции (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Своето право на глас денеска го оствари и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој гласаше во просториите на Гимназијата „Сами Фрашери“.

Loading...

Рано утринава Димитриевски со својата сопруга се појави на зибирачкото место по што даде изјава за медиумите, во која посака да победи најдобриот кандидат.

– Денеска Македонија бира претседател, Куманово исто така избира претседател на државата, посакувам успешен ден за сите, празик за сите, бидејќи ја имаме една од главните задачи, а тоа е да го избереме човекот кој во идниот период ќе ја води и претставува државата како дома така и во странство. Македонија мора да продолжи во процесот на евроатлантските интеграции, тука сме сите единствени и верувам дека граѓаните ќе имаат денеска капацитет да го изберат својот татко бидејќи ние тоа го заслужуваме како држава и како народ и сите етнички заедници кои живееме во нашата држава и која ја сакаме, а многупати сме знаеле тоа да го покажеме. Верувам во изборот и секако посакувам најдобриот од кандидатите да ја добие поддршката од граѓаните, изјави Димитриевски.

Leave a Reply