Димитриевски: Куманово е Македонија во мало, тоа е мултиетничноста, соживотот и иднината на земјата

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, во дебатната емисија на телевизија Клан истакна дека Куманово е Македонија во мало и
дека тоа е мултиетничноста, соживотот и иднината на Куманово.

Loading...

„Ќе работам во сите делови. Куманово е Македонија во мало. Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Македонци. Јас сум градоначалник во моментов, барам поддршка за да останам градоначалник и да продолжам да работам за сите граѓани како што и претходно работев, бидејќи не смее и нема поделби во Куманово. И ако ме прашате кој е најдобриот проект на Максим Димитриевски во овие 4 години, ќе ви кажам – не е тоа инфраструктурен проект, тоа е проектот на 8 ноември 2019 година кога имавме 10 илјади млади Албанци, Срби, Роми, Власи кои пееја на концерт на Два бона и други изведувачи, од други етнички заедници. И тоа е мултиетничноста, соживотот и иднината на Куманово“, рече Димитриевски.