Димитриевски: Куманово било град на работниците и треба така да остане, продолжуваме со развојот на локалниот економски раст во Куманово

Loading...
Сподели со своите пријатели

„Силна економија, стабилна општина и среќно ангажирани граѓани. Целта е да ја развиеме локалната економска зона Новини и Речици. Да ја отвориме за нови странски, но и домашни инвестиции, да дадеме можност да се вработат поголем број на луѓе, да бидат среќни и исполнети. Куманово било град на работниците и треба да остане така. Продолжуваме заедно со развојот на локалниот економски раст на наше Куманово“, вели независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.

Во рамките на локалниот економски развој во план е изградба на економски капацитети на локално ниво, со цел подобрување на економската иднина и животниот стандард на сите жители на Куманово, преку процес во кој јавноста, стопанските дејности и невладиниот сектор во коoрдинација со Локалната самоуправа ќе работат заедно како партнери, за да создадат подобри услови за економски развој и нови вработувања.

Со изградба на нови индустриски зони и обезбедување на поволни услови за инвестиција на поголеми индустриски капацитети ќе создадеме можност за
отворање на нови работни места за млади и стручни кадри, јакнејќи го домашното стопанство. Вложување во изградба на инфраструктура во индустриска зона Новини и Речица преку воспоставување на систем ОД ЗОНА ЗА ЗОНА.

Ќе креираме стимулативни политики и програми за поттикнување на локален економски развој со акцент на старт ап бизниси, иновативност и социјално
претприемништво.

Ќе поттикнуваме занаетчиство кај младите преку промоција на занаетчиството и креирање мерки за подобри услови за занаетчиите и зголемена соработка со Занаетчиска комора.

По победата на 31-ви октомври, следува организирање, поддршка и учество на локални саеми, бизнис форуми и друг вид средби и манифестации за економско регионално мрежно поврзување, со цел промоција и развој на економијата, размена на искуства и поттикнување за инвестирање, но и градење партнерства со граѓанските организации преку мобилизација, вмрежување и поддршка за реализација на активности од јавен интерес.