Димитриевски и Ѓорѓиевска на средба со членовите на Локален економско-социјален совет

Сподели со своите пријатели

Денеска, кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски и носителката на листа за советници Ивана Ѓорѓиевска одржаа средба со членовите на
Локален економско-социјален совет.

Loading...

На средбата разговараа за досегашните активности на ЛЕСС и неговата значајна улога за време на пандемијата со КОВИД-19. Општина Куманово во претходниот период организираше работилници за изработка на стратегија на Локален економско-социјален совет Куманово 2021-2025.

Стратегијата во иднина ќе послужи како основа за креирање на локални политики во делот на економија, бизнис опкружувањето и социјала. Потенцирано беше дека во наредните години нашите активности ќе бидат насочени кон континуиран развој на економијата.