Димитриевски: Граѓаните го избраа новиот командир на полицијата во Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Денеска со одлука на Советот на општина Куманово, а на предлог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Игор Митевски беше избран за нов командир на Полициската станица од Општа надлежност Куманово.

Претседателот на Советот на општината, Максим Димитриевски вели дека ова се случува за прв пат да профункционира локалната самоуправа и реалната децентрализација во Република Македонија.

Она што е предвидено согласно законот од страна на Советот на општина Куманово беше испочитувано во целост. Советот на општина Куманово со мнозинство на гласови од советниците донесе одлука за избор на нов командир на Полициска станица од Општа надлежност, и тоа значи дека граѓаните на општина Куманово одлучија кој ќе биде новиот градски шериф во полициската станица во Куманово – изјави Димитриевски.

Инаку според Законот, министерот за внатрешни работи дава предлог од најмалку тројца кандидати и Советот со мнозинство од вкупниот број советници одлучува за изборот, а дури потоа следи назначување од ресорниот министер.

Димитриевски додаде дека до полициската станица до сега биле испраќани барања за присуство на полицијата меѓу граѓаните и регулирање на сообраќајниот хаос, а сето тоа на барање на самите граѓаните ќе биде предложено и на новиот командир.