Димитриевски: Граѓаните да излезат и да стават крај на сето ова што се случува 30 години од едни исти луѓе, на ист начин

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за Претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, беше учесник во дебатата на Македонската радио телевизија,во која учествуваа сите кандидати за претстојните претседателски избори.

Loading...

На прашањерто за програмата и што нуди, тој одговори:

„Мојата програма е многу конкретна, јасна со прецизни рокови. Мојот град, кој е Македонија во мало, ме научи како да работам за граѓаните и за нивните интереси. За жал досега немамвме претседател кој се одвојува од политичкчите партии кои го номинирале и да застане во одбрана на интересите на граѓаните“. Во однос на различните предлози за менување на Уставот, Димитриевски оцени дека овој устав е оценет како одличен, а Франкештајн го направиле оние кои го менуваа и додаде:

„Не смее да се дозволи уривање на унитарноста на државата и реализација на скриената трансформација на уредувањето на државата, за што некои говорат веќе 30 години, а нашата политичка елита од лукративни  причини молчи“.

Запрашан како ќе се смени преговарачката рамка, кога Брисел порача дека нема менување на истата, Димитриевски одговори дека:

„Брисел не порача, Брисел рече тешко. Тоа значи дека е можно. Брисел беше гарант и за Преспанскиот договор и нашиот влез во ЕУ, но ние не сме ни почнале да преговараме за влез во Еу. Тоа што требаше да се решат тие проблеми заедно е друго прашање. Мислам дека е лицемерно сега да не споредуваат со Хрватска и влезот во ЕУ. Сметам дека овој народ, граѓаните на Македонија треба да излезат на избори и да расчистат со политичките елити кои Македонија ја доведоа до оваа ситуација“.

Запрашан каква ни е дипломатијата Димитриевски рече:

„За жал дипломатијата не ни е како што би сакале. Многу тешко е да се направи дипломат. Кај нас таа е на ниски гранки и во неа владеат должничко договорителни партиски односи“.

Loading...

Во однос на прашањето за борбата против корупцијата Димитриевски рече:

„Граѓаните велат – рибата смрди од главата. Политичката корупција е главната причина за ширењето и цветањето на корупцијата. Имаме примери на инвестиции, кои се всушнот договори со кои се прави политичка корупција. Дефинитивно тие потврдуваат дека во тие лажни инвестиции е инволвирана политичката елита. Мора да има правда за сите и истата да е еднаква за сите. Ќе го направиме тоа ако добијам можност да бидам Претседател на државата, а ЗНАМ ја добие довербата за да ја води државата. Главната корупција и носител на корупцијата во државата е ДУИ, без разлика дали е со ВМРО ДПМНЕ или СДСМ“.

На прашњето за промена на сликата за судството тој рече:

„Ветингот е форма на амнестија. нам ни треба суштинска реформа и да се казнат тие што се огрешиле“.

Запрашан дали е потребно да се зајакне улогата на Претседателот во економијата, Димитреивски одговори:

„Треба да се зголеми, затоа што тој ја претставува земјата надвор и има можност да влијае и во ширење на економските односи. Ние, Македонија треба да ја трансформираме во самоодржлива држава. Да се потпира сама на себе и да не зависи од други. Треба да се направи ревизија на дадените концесии, земјата и субвенциите да се дадат на вистинските земјоделци. Мора да се помогнат младите за да не бегаат. Мора да направиме систем,
зашто тие не бегат само поради економско социјални прашања, туку и поради тоа што немаме систем“.

Според него потребно е првин решавање на домашните проблеми. Да има вистински соживот во земјата. „Јас сакам да водам држава во која младите ќе негуват мултикултура, а не да се разбираат на англиски“.

Во однос на чекорите што ги прави нашата дипломатија, како на пример коспонзорството за резолуцијата за Сребреница Димитриевски рече дека не треба да се трча пред руда.

Loading...

„Треба да се води сметка за односите со соседите и во околината. Да се држиме до нашите партнери, но не треба да ставаме прст во око некому непотребно“.

Запрашан кои се црвените линии што ги заговара, како ќе се остварат, Димитриевски рече:

„Тоа што за жал не се постигна во 30 години треба да се направи сега. Да се седне и да се дифинираат прво меѓу Македонците и после и со сите други што живеат во неа. Мора да се прифати дека оваа држава ја создале Македонците и тоа мора да се има на ум.Припадниците на другите заедници мора да имаат разбирање за нашите чувства“.

Во обраќањето до граѓаните на крајот од дебатата, Димитриевски рече:

„Научив во мое Куманово како и на кој начин до подобро. Ве повикувам на 24 првенствено масовно да излезете на избори, да се одважите, не за мене, не за вас, за наша Македонија. Треба да се стави крај на сето ова што 30 години се случува од едни исти луѓе на ист начин. ЗНАМ е новата политичка опција којашто ќе ги подобри нештата во државата, а јас сум кандидатот којшто ќе биде претседател од, за и со граѓаните Очекувам разбирање и поддршка од вас и верувам дека Македонија ќе смогне сила да одржи фер, демократски избори, во коишто за жал сите не сме исти, но сепак граѓаните секогаш знаеле да одлучат и ве повикувам да ја дадете поддршката за мене“.