Димитриевски додели новогодишни пакетчиња во „Порака наша“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во пресрет на празниците ги посети корисниците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ и центарот за лица со попреченост над 18 години лоциран кај поранешната фабрика ЧИК.

Loading...

Димитриевски во придружба со Дедо Мраз им подари новогодишни пакетчиња.

Ова е традиционална посета на која локалната самоуправа одговорните им подаруваат пакетчиња и предновогодишна радост на лицата со попреченост.

Ова е традиционална посета на Градоначалникот на општината, на огромна радост на корисниците, кои секојдневно се дел од споменатите центри.

Loading...

Ова е прв од неколкуте предновогодишни настани кои ќе бидат организирани во градот, а кои започнуваат со „Денс фестивал“, „Кумановци за Куманово“ и предновогодишната дружба на најмалите на градскиот плоштад.

Leave a Reply