Димитриевски: До крајот на годината формираме движење со седиште во Скопје

Сподели со своите пријатели

„Ексклузивно кај вас сакам да напоменам дека сите овие организации коишто веќе ги формиравме, а всушност се граѓански здруженија ќе имаат една заедничка иницијатива до крајот на годината да формираат едно заедничко движење со седиште во Скопје коешто понатаму ќе се легитимира пред граѓаните“. Ова вечерва го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервјуто за Макфакс.

Loading...

Тој информираше дека името на движењето ќе го прифатат така како што сака членството, иницијативите за градење на политичките платформи и програмите ќе бидат всушност идеи од граѓаните и луѓето што професионално се занимаваат со тоа.

„Во делот на националните политики ќе бидеме едноставно луѓе коишто си го бранат своето, нема да го чепкаат туѓото. Значи, ќе биде мултиетничко движење, не само на Македонците, туку сите кои ја сакаат и почитуваат Македонија и заеднички ќе изнајдеме начин како од Македонија да направиме поубаво место за живеење, но не како празна флоскула, туку да ја направиме самоодржлива, да произведеме доволно храна, доволно енергија да не влегуваме во вакви кризи. Да им ставиме крај на тие што тргнуваат со енергијата и прават профит во овие моменти на нас. Да се изгради националното битие во целост, да ги седнеме сите на една маса и да потпишеме еден документ кајшто ќе се знаат националните, македонските црвени линии, но и ќе почнеме реално да работиме на концептот не само на едно општество за сите, туку мултуетничко општество“, рече Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Во однос на ситуацијата со Бугарија, тој потенцираше дека проблемот што доаѓа од Бугарија е едностран.

„Проблемот којшто доаѓа од Бугарија е едностран. Кога ќе направите анализа дали денеска по историското потпишување на Договорот за добрососедство и пријателство, односите помеѓу двете држави е подобар? Сите ќе кажат не. Тоа што Жељу Желев и Киро Глигоров го изградија врз база на взаемна комуникација, разбирање, почитување, овој договор во целост го сруши. Тоа покажува дека всушност договорот за добрососедство и пријателство првично е погрешна работа, а потоа избрзана, затоа што текстот којшто е ставен внатре не е обработен до крај. Зошто еден меѓудржавен договор би се чувал во тајност од јавноста? Јас 2017 година бев пратеник пред да станам градоначалник на Куманово, не знаев ништо за овој договор. 2018-та година се внесе во Собрание да се гласа, јавноста не знаеше како таа политичка елита ќе не води, ако не ни кажува што потпишува и како потпишува. Овој договор е штетен, а францускиот којшто всушност е резултат на тврдите ставови на едностраните, Бугарија којашто е земја членка на Европската Унија, а апсолутно нешто што многу штети на долгорочен план на државата, затоа што ние со францускиот предлог еден билатерален проблем којшто го имаме „јас и вие“ парафразирам го трансформираме во мултилатерален проблем“, изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Во интервјуто за Макфакс, тој посочи дека најголемиот сојузник на оваа држава се Соединетите Американски Држави, и единствено со нив имаме потпишано стратешки договор за стратешко партнерство, со другите држави нема таков договор.

„Нивниот помошен државен секретар излезе на самиот почеток на процесот со францускиот предлог и јасно рече „ова е билатерален проблем, државите треба да го решаваат спогодбено меѓусебе, Македонија треба да стане полноправна членка на Европската Унија. Европа ќе си најде начин ваквите феномени коишто се раѓаат во нејзините редови да си ги превенира, бидејќи ова денеска што се случува со Македонија утре ќе се случува и со Србија, задутре и со Црна Гора, еден ден и со Босна и Херцеговина, и со многу држави членки кои сакаат да бидат потенцијални членки на Европската Унија. И Украина природно припаѓа на Европската Унија каде еден ден ќе биде држава членка, значи Европа ќе си изнајде механизам наместо со француски предлози по принципот поголемиот да го скрши помалиот, да изнајде начин да се држи до вистинските европски вредности на Жан Моне и да ги штити правата на малцинствата и помалите држави во однос на големите, бидејќи токму оваа Унија и се создадена во духот на Моне за да овозможи заштита на малите етнички заедници и малите нации, тоа е вредноста на Европа, затоа сакаме да бидеме таму“, додаде Димитриевки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето