Димитриевски: Денеска треба да победи Република Македонија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Денеска е еден од поголемите и поважни датуми за Република Македонија, рече градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски по остварувањето на своето гласачко право.

Димитриевски претпладнето апелираше на мирен референдумски ден за да сите граѓани можат да се произнесат на свој начин.

–  Денеска првенствено треба да победи Република Македонија, а потоа и сите нејзини граѓани. Македонија и македонските граѓани заслужуваат поубав живот и поубава иднина, но секако круцијалните одлуки ги носат граѓаните ан Република Македонија. Уште еднаш сакам да се заблагодарам на вас и на сите медиуми кои ја следевте и ја следите оваа кампања на референдумот објективно и непристрасно и повикувам тоа да продолжи и во иднина, граѓаните на Македонија знаеле да изберат, граѓаните на Македонија и кумановци особено знаеле да донесат големи одлуки и тоа ќе го сторат и денеска, изјави Димитриевски.

На гласачкото место број 1019, каде денеска гласаше градоначалникот Димитриевски не ни беше дозволено да влеземе, бидејќи тамошната претседателка која не сакаше да се претстави, ни бараше акредитации од ДИК, кои впрочем се потребни само за странски новинари. Освен тоа госпоѓата бараше и легитимации од ЗНМ, МАН и Синдикатот на новинари, со што не ни дозволи да влеземе и го попречи правото на слободно информирање.

Изјавата е снимена во 10 часот утринава

Loading...

Leave a Reply