Дезинсекција против крлежи во понеделник и вторник во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дезинсекција против крлежи ќе биде извршена во понеделник и вторник на подрачјето на Општина Куманово.

Loading...

– На 23.08. и 24.08.2021 година (понеделник и вторник), од 05.00 до 08.00 часот, на територијата на општина Куманово  ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, информираат од локалната самоуправа.

Целта на третманот, велат од општината, е спречување на ширење на заразни болести каде како вектори се јавуваат истите.

– Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините, како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот, стои во соопштението од локалната самоуправа.

Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден.

Никола Ивановски