Девизи, хидромасажен базен и делови запленети на Табанвоце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, делови за товарни возила, моторцикл, облека, обувки, хидро-масажен базен, ножеви за машини за мелење месо, сензори, сирење и балони, информираат од Царинската управата на Република Македонија.

Вкупно  15.000 евра биле откриени во три одвоени случаи, при личен претрес на тројца македонски државјани, пријавени за излез од државата, на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, при личен претрес на возач на македонски автомобил, во неговата рачна торба биле пронајдени 10.000 евра за кои не поседувал документ за потекло.

devizi 1

Во вториот случај, при личен претрес на патник во македонски автобус, во паричник пронајден во задниот џеб од неговите фармерки, биле откриени 6.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло.

devizi 2

 

Loading...

Во третиот случај, при личен претрес на возач на македонски камион, во џеб од неговите панталони биле пронајдени 5.000 евра за кои не поседувал документ за потекло.

 

devizi

 

Согласно законските прописи, во сите три случаи на патниците им биле се вратени по 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата. Во првиот случај привремено биле задржани 8.000 евра, во вториот случај 4.000 евра, а во третиот случај 3.000 евра, и против прекршителите се поведени прекршочни постапки за сторените прекршоци.

Запленети биле и еден хидро масажен базен, 2 сензори за преоптоварување и 51 ножеви за машини за мелење месо, откриени во 3 одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, при контрола на германски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, во внатрешноста на возилото помеѓу личниот багаж бил пронајден еден хидро масажен базен LAY-Z Spa.

 

bazen

 

Во вториот случај, при контрола на српски автобус, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата, во куфер сопственост на возачот биле пронајдени 51 метални ножеви за мали индустриски машини за мелење месо.

 

Loading...

nozevi

 

senzori

Во третиот случај, при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата, во картонска кутија сместена помеѓу вториот и третиот ред седишта, биле пронајдени 2 сензори за мерење на оптоварување LOADCELL KGD-5mtr- conn и електроника за приклучување на сензорите.

Во сите три случаи непријавените производи се привремено задржани а против прекршителите ќе бидат поведени прекршочни постапки.