Детскиот младински ансамбл „Срма“ организира годишен концерт

Сподели со своите пријатели

На 28ми овој месец во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, Детскиот младински ансамбл „Срма“ од Куманово го организира традицоналниот годишен концерт на кој ќе ги претстават сите кореографии на кои работеа во текот на изминатата година.

Организаторите најавуваат и присуство на гости од останатите балкански земји, односно од градот СЛивен, Бугарија и фолклорното друштво од Прокупље, Србија.

На настанот ќе биде презентирана културата, традицијата, многу песни, игри и обичаи како од македонскиот фолклор, така и од културното богатство на Србија и Бугарија.