Детска клиника негира поврзаност со појава на тумор поради вакцина

Сподели со своите пријатели

Писмо на мајка на починато детенце од Македонија објавено вчера, денес беше демантирано со реакција од Детската клиника во Скопје, откако родителот наведе дека детето починало поради компликации од вакцина.

Loading...

Во однос на изнесените тврдења на мајката за поврзаноста на вакцините, конкретно МРП вакцината со појавата на тумор – неуробластом кај нејзиното дете и во интерес на правилно информирање на јавноста, лекарите од Одделот за онокологија и директорката на Клиниката доц. др Аспазија Софијанова, најодговорно тврдат дека не постои врска помеѓу појавата овој или на било кој друг тумор кај децата и вакцините.

Во конкретниот случај се работи за ембрионален тумор кој се создава  кај детето уште  во утробата на мајката и детето се раѓа со овој тумор, кој може да се открие во период веднаш по раѓањето па до подоцнежна возраст и не постои никаква поврзаност со вакцината која се дава најрано на 13 месеци.

Медицината не забележала и не опишала дека постои било каква врска помеѓу вакцините и појавата на тумори кај децата .Секое поинакво тврдење е неосновано и неточно, се вели во писмената реакција на Клиниката за онкологија.

Од друга страна, мајка на починатото момче, вчера напиша дека нивниот син според докторите од Хрватска, починало од тумор кој се создал како последица на вакцинација.

 

Leave a Reply