Дете загина при судир на две возила во кумановско

Сподели со своите пријатели

Дете загина во соораќајна несреќа што се случи вчера околу 14:15 часот на локалниот пат Куманово-Романовце, потврдија од општа болница Куманово.

Loading...

– Детето беше донесено без знаци на живот, лекарите се обидоа да го реанимираат, но безуспешно, велат од кумановската болница.

Во сообраќајната несреќа била повредена уште една патничка со полесни повреди, информираат од болницата.

Од МВР потврдија дека се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила, а детали најавија за денеска.

Leave a Reply