Десничарската коалиција во Италија ја задржа власта во регионот Абруцо

Сподели со своите пријатели

Партијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзините сојузници од десничарската коалиција ја задржаа власта во централната италијанска област Абруцо, бидејќи актуелниот десничарски гувернер Марко Марсилио освои повеќе од 53 отсто од гласовите на локалните избори во неделата.

Loading...

Кандидатот кој беше поддржан од сите главни опозициски партии доби поддршка од околу 46,5 отсто од гласачите, покажуваат денеска објавените резултати од изборите, пренесува Ројтерс.

Агенцијата проценува дека резултатот ќе ѝ даде поттик на Мелони пред европските избори во јуни, со што ќе се зацврсти позицијата на нејзината партија Браќа на Италија како доминантна сила во италијанската политика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турција: Се судрија автобус и автомобил, повредени најмалку 15 лица

Браќата на Италија освоија околу 24 отсто од гласовите на изборите во Абруцо, додека централно-левичарската Демократска партија освои 20,4 отсто од гласовите.

Десничарската партија Форца Италија освои повеќе од 13 отсто од гласовите, а Лигата на чело со Матео Салвини освои 7,6 отсто од гласовите на изборите во Абруцо.

Тие две партии се коалициски партнери на Браќата од Италија.

На локалните избори во Сардинија, кои се одржаа пред две недели, десничарската коалиција претрпе пораз од блокот на левиот центар.