Десетици жртви на насилство во еквадорските затвори

Сподели со своите пријатели

Јавниот обвинител на Еквадор доцна во вторникот објави дека најмалку 31 лице загинало во бранот насилства што ги погоди некои од најопасните затвори во оваа јужноамериканска земја за време на викендот, пренесува Ројтерс, додавајќи дека владата претходно објавила 60-дневен вонредна состојба.

Loading...

Ројтерс јавува дека е прогласена вонредна состојба за справување со насилството во градот Есмералдас, каде 15 затворски чувари и уште двајца затворски вработени се држат како заложници во локалниот затвор.

Се додава дека на улиците на Есмералдас била нападната полициска единица, на бензинските пумпи биле активирани експлозиви и запалени неколку автомобили.

Илјадници војници упаднаа во затворот

Државниот обвинител соопшти дека во тој град во напад на обвинителството со молотов коктел бил повреден цивил.

Во Гвајакил, најмалку 2.700 тешко вооружени војници и полицајци влегоа во затворот Penitenciaria del Litoral откако беше прогласена вонредна состојба и ја презедоа контролата врз три ќелии со контролирани детонации.

Судирите на бандите започнаа во саботата во затворот, еден од најопасните во Еквадор.